Физичка пресметка се случила вчера на улица „Илинденска“ во Охрид
На 30.07.2021 година во 20.30 часот, на улицата „Илинденска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу .28 годишно лице 51- годишно лице, двајцата од Охрид. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера околу 22.00 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во близина на поранешната касарна во Охрид, од слобода лишија четири лица.
Кај 27 годишен жител од Пехчево, пронајдена и одземена е марихуана, една ќеса со розева и една ќеса со бела прашкаста материја. Кај 19 годишен Битолчанец е пронајдено пакување со кокаин, кај 18 годишно лице од Скопје била пронајдена марихуана, а кај 21 годишно лице, покрај марихуана, било пронајдено и одземено пакување со портокалова материја. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше Димоски
На 30.07.2021 година околу 14 часот во СВР Охрид, добиено е известување за повредени лица на некатегоризиран шумски пат, во атарот на струшкото село Радожда.
Од извршениот увид било констатирано дека при пад од скутер, со повреди се здобиле лица од Полска на возраст од 33 и 28 години, двајцата од Полска. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им се констатирани телесни повреди, известуваат од СВР Охрид.
На 30.07.2021 околу 11.10 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на локалниот пат за кичевското село Староец 67 годишен Кичевчанец, управувајќи патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Кичево.
ОhridNews












