На 18.02.2026 во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













