На 28.08.2026 во 01:34 часот, во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од хотелско-угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид.
По преземени мерки според правилникот за примена на индикаторите за бучава и правилникот за локации на мерните станици и мерните места, полициските службеници извршија мерење и испитување на јачина на бучава со фонометар и притоа констатирале 40 децибели јачина на звук, што значи надминување на дозволената граница од 35 децибели, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.08.2026 во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Пештани ги приведоа 42 и 36-годишни лица, двајцата од Велес, 52 и 45-годишни лица, двајцата од Пештани, 21-годишно лице од Битола и 19-годишно лице од Прилеп.
Тие, за време на јавен настан во селото, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.08.2026 во 12:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од Охрид врз 44-годишно лице од Скопје.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.08.2026 во 11:30 часот, 39-годишна жена од струшкото село Шум, пријавила дека нејзината малолетна ќерка, го напуштила семејниот дом.
Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и целосно расветлување на настанот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











