На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени 59-годишно лице од Струга и 62-годишно лице од Охрид.

Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што 62-годишната жена физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 11:55 часот, во СВР Охрид од слобода е лишено 48-годишно лице од Охрид.

Тој претходно агресивно се однесувал кон 47-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 12.07.2026 во 18:50 часот, во ОВР Струга приведено е 32-годишно лице од Струга, кој претходно агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работи од областа на безбедноста.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 12:45 часот, во ОВР Струга приведено е 40-годишно лице од струшкото село Велешта, кој претходно на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работи од областа на безбедноста.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 12:15 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, лишено од слобода е 31-годишно лице од кичевското село Црвевци.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл без регистарски таблици, што тој го управувал и притоа констатирале дека тој нема положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55 и 32-годишно лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека првото лице сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со второто лице сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“.

На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. На 08.07.2026 55-годишното лице на второпријавениот и сега починатиот, 44-годишник од Охрид, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид им продал кокаин, а потоа тие со патничко возило „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, управувано од 32-годишното лице се упатиле кон булеварот „Туристичка“ во Охрид. Таму биле пресретнати од полициска патрола, при што 32-годишното лице не го сопрел возилото на даден знак од полициските службеници туку избегал,а бил сопрен по дополнително преземени активности. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале 44-годишното лице од Охрид кој проголтал паковка со дрога, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај укажаната лекарска помош, тој починал, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews