На 05.06.2025 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 35 годишно лице од Скопје.
Тој претходно на улица „15 Корпус“ агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.06.2025 во 16 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа на улица „15 Корпус“ во Охрид, жена физички нападнала друга 36 годишна жена, двете од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.06.2025 во 10.50 часот во СВР Охрид, 57 годишна жена од Охрид пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 04.06.2025 во 16,15 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 39 годишно лице од Струга.
Тие постапиле по претходна пријава дека со употреба на сила влегол во домот на 59 годишно лице од Струга и му одзел пари. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews