На 04.09.2025 во 19:50 часот во Охрид, полициски слубеници од СВР Охрид привеле 40-годишно лице од Охрид.
Тој претходно во спортска обложувалница на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид физички нападнал лице од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 05.09.2025 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишно лице од Охрид.
Тој агресивно се однесувал во спортска обложувалница на бул.„Туристичка“ во Охрид и се заканувал на вработената. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.09.2025, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 39 и 43-годишни лица, двајцата од Струга, затоа што во угостителски објект на кеј „Борис Кидрич“ во Струга го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
При тоа 39-годишното лице употребило и метален предмет и си нанел повреди, констатирани во медицински установи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Прилеп, со привремен престој во Струга и против 61-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
На 02.08.2025 во Градската депонија во Струга, пријавените запалиле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат, но биле затекнати од вработените во Територијалната противпожарна единица Струга и биле пријавени во ОВР Струга, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews