Ноќеска во 04.45 часот, во угостителски објект лоциран во трговскиот центар „Амам“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од охридското село Лескоец врз 28-годишен велешанец, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатата  ноќ, на подрачјето на СВР Охрид, при контроли во патниот сообраќај затекнати се 16 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол: Охрид – 7, Струга – 4, Кичево – 5.

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти Димовски.