На 25.02.2026 година во 19:56 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, 63-годишно лице со дрвен предмет нападнал 48-годишно лице, а потоа физички нападнал 54-годишно лице, сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела во охридското село Коњско, без одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил викенд куќа. По извршен инспекциски надзор, донесено е решение за отстранување на градбата.
На 25.02.2026 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека, на пат во струшкото село Мороишта, 70-годишно лице од истото село било нападнато и каснато од куче домашен миленик, сопственост на 64)-годишно лице, кое било оставено необезбедено во неговиот двор.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16 – годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













