На 08.02.2026 година во 20.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, едно лице физички нападналo жена, двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на магистралниот пат Подмолје-Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 09.02.2025 година во 08:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека во кругот на деловен објект во Струга, избувнал пожар во товарно моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Охрид.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews