На 03.03.2022 година во 00.45 часот во СВР Охрид лишено од слобода е 45 годишно лице од Охрид.

Тој, претходно во стан во Охрид, физички нападнал две лица од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45 годишна жена од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 331 парче пиротехнички средства, вели Димоски.

OhridNews