На 02.08.2021 година во 03.35 часот, на бензиска пумпа лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад.

34 годишно лице од скопското село Мралино го наруши јавниот ред и мир, извршил оштетување на дел од инвентарот а потоа и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејства, истиот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Нарушен јавниот ред и мир бил во авто-кампот „Градиште“  со физички напад

На  01.08.2021 година околу 13.00 часот, во авто-кампот „Градиште“ во Охрид, 18-годишно лице го нарушило  јавниот ред и мир, со физички напад кон 18-годишно лице од Битола. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Димовски

36 годишно лице од Албанија на 01.08.2021 пријавил дека околу 18 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун, општина Дебрца, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОhridNews