На 30.08.2023 во 19.10 часот во СВР Охрид, 38-годишна жена од Охрид пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг.

На тој начин постапил спротивно на Решението од Основен суд Охрид 08.03.2023 со кое биле изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 30.08.2023 во 19.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 47 годишно лице од Охрид.

Тој се сомничи дека претходно се заканувал на неговата 45-годишна сопруга и нејзиниот 40-годишен брат. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews