На 21.08.2025 во 21:30 часот на ул.„Св.Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 22-годишно лице од Охрид.
Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 21.08.2025 во 14:20 часот на бул. „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 66-годишно лице од Република Турција.
Тој физички нападнал 30-годишно лице, исто така, од Турција. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews