На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека 42 годишно лице од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Таа, откако неовластено набавила опојна дрога кокаин, ја препакувала во помали количини и на друго лице од Охрид му продала помала количина. При извршен преглед, кај него, е пронајдена и одземена, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews