На 03.02.2023 во СВР Охрид било пријавено дека на 01.02.2023 во куќа во Охрид, 21 годишна девојка била физички нападната од Р.Д. и О.Д., сите од Скопје. По расчистување на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, вели Димоски.
По целосно документирање на случајот, додава, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.02.2023 во 16.00 часот на Граничен премин Аеродром Св.Апостол Павле бил приведен М.К.(28) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил патна исправа за која постои сомнение дека е фалсификувана, информира Димоски.
Додава дека тој бил задржан во СВР Охрид и за настанот бил известен бил Јавен обвинител.
OhridNews












