На 25.08.2026 во 05:15 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 35-годишно лице од Скопје и 52-годишно од Битола.

Тие во куќа на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При преглед над нив, кај лицетот од Скопје бил пронајден и одземен метален предмет. По целосно документирање на настанот, против двајцата, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 24.08.2026 во 17:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, лице од Охрид се обидела со остар предмет да ги нападне 39-годишна жена и нејзините три ќерки, сите од Охрид.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.08.2026 во 18:00 часот во охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од истото село .

Лицето агресивно и недолично се однесувало кон 40-годишно лице од Охрид и 54-годишно лице од Битола. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.08.2026 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во својата куќа физички нападнал 40-годишна жена од Скопје.

Таа врз основа на договор, престојувала во куќата. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews