Ноќеска во 00.40 часот во полициска станица во Охрид 25-годишен неготинчанец пријавил дека претходнo вечерта околу 23,00 часот во хотелски објект во населбата „Свети Стефан“ бил физички нападнат од сопственикот по претходна вербална расправија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира СВР Охрид.

Исто така ноќеска, во 03.40 часот, во СВР Охрид 18-годишен охриќанец пријавил дека истата вечер околу 01,00 часот на булевар „Туристичка“ бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со тешка телесна повреда констатирана од страна на доктор.

Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

OhridNews