На 28.09.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 24-годишно лице од Охрид.
Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.09.2026 во 01:34 часот, при контрола во патниот сообраќај извршена на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај сопреа патнички автомобил „бмв“ со словенечки национални ознаки, управуван од 66-годишно лице од Гостивар.
При извршено алкотестирање кај него констатираа 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.09.2026 во 15:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во деловен објект лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, четири лица физички, а потоа и со метален предмет нападнале 28-годишно лице и неговата сестра, како и еден вработен во објектот.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Тој, на 28.07.2026 во својство на параглајдинг инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да и даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со 37-годишна жена од Шведска и за време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











