Во билтенот на СВР Охрид за вчерашниот ден доминираат физички напади, но и случај на семејно насилство, пронајдена марихуана, агресивно однесување.
На 31.07.2025 во 21.11 часот, пред продажен објект во охридското село Горно Лакочереј бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 36-годишно лице од истото село, врз лице од селото Лескоец. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2025 во 00.30 часот, во ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“, 45 годишно лице од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со оштетување на дел од инвентарот. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2025 во 16.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2025 во 18.44 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид едно лице физички нападнало 35-годишно лице од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2025 во 01.40 часот во ОВР Струга е пријавено дека во куќа во струшкото село Вишни, едно лице физички нападнало 37-годишно лице од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2025 во 22.00 часот на улица „Боро Шаин“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 30-годишно лице од Струга, а на разговор во ОВР Струга биле повикани 23 и 17-годишници, двајцата од Струга. При контрола и преземање мерки на улицата, полициските службеници забележале дека 30-годишникот под паркиран автомобил фрлил марихуана, која била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews