На 02.07.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 07:20 часот во двор од семејната куќа, по претходна расправија, едно лице било физички нападнато од друго, двајцата од Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 03.07.2026 во 05:40 часот во Струга, полициски службеници лишија од слобода 40-годишно лице од струшкото село Радолишта.
Лицето во станбена зграда на улицата „Партизанска“ во Струга, физички нападнал 40-годишно лице од Струга, при што му одзел пари во разни апоени и мобилен телефон. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews










