На 28.09.2026 во 23:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, две лица физички нападнале 21-годишно лице од Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 11:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид, во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал членови на неговото семејство.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 14:50 часот, во струшкото село Велешта лишено од слобода е 55-годишно лице од истото село.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него има изречена активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија а по извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,71 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај, одземени му се возачките документи и по целосно документирање на настанот, против него ќе се поднесат соодветни кривични пријави.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 62-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик.
При контрола извршена на 13.09.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик.
Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал. По преземени мерки, тој е лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











