Физички нападнат малолетник во кругот на средно училиште во Охрид. Случајот во СВР Охрид го пријавил таткото на детето.

На 05.04.2023 во 21.40 часот, 50 годишно лице од Охрид пријави дека, во кругот на средно училиште во Охрид, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Охрид.

На 05.04.2023 во 15.26 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на отпаден материјал во атарот на селото Климештани, Општина Дебрца, во кој нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од жителите на селото, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews