Минатата ноќ се случиле физички нападнати врз двајца охриѓани во два одделни случаи информираат од СВР Охрид.
На 15.01.2023 година во 03.40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад врз 42 годишно лице од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.01.2023 година во 00.10 часот, во СВР Охрид приведено е 40 годишно лице од Охрид кој претходно, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, физички и со употреба на дрвен предмет нападнал 30 годишен охриѓанец, вели Димоски.
Против него, додава, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












