На 20.05.2025 во 21.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид, по меѓусебна расправија, 16 – годишник физички нападнал 14 – годишник, двајцата од Охрид.

Во СВР Охрид, во присуство на родител, извршен е разговор со напаѓачот и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат.

На 20.05.2025 во 20.50 часот во ходник од зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид, 18 годишно лице физички нападнал 34 годишно, двајцата од Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.05.2025 во 18.48 часот, во охридското село Косел, 73 годишно лице физички нападнала 38 годишно, двајцата од истото село.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2025 во 10.53 часот во СВР Охрид, 49 годишно лице од Охрид пријави дека пред продажен објект на улица „Кленоец“ во Охрид бил физички нападнат од 42 годишник.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews