На 12.04.2023 во 18.40 часот во Градскиот пазар во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С. врз 43 годишно лице, двајцата од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 12.04.2023 во 16.30 часот на локален пат во струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга лишиja од слобода 45 годишно лице од Охрид.

При преглед кај него и во возилото „нисан“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и шприц со непозната материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

OhridNews