На 4 мај во СВР Охрид пријавено било дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната.
Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи. – соопшти СВР Охрид.

Вчера, пак, попладнето во 17 часо пријавен бил пожар кај место викано „Цер“, атар на селото Издеглавје, Општина Дебарц. Зафатена била нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Охрид.
OhridNews












