На 13.09.2023 во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е П.Е.Х.(58) од Холандија.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“.

Тој, на 30.08.2023 околу 18.30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, со што постапил спротивно на решението од основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Скопје.

Тој, на катарстарска парцела во охридското село Љубаништа, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил изградба на објект од метална конструкција. При извршен вонреден инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид, констатирал дека пријавениот градежните зафати ги извршил без потребна документација во согласност со законот за градба, велат од СВР Охрид.

На 13.09.2023 во 21.00 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20 годишно лице од Ресен.

При преглед а подоцна и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.09.2023 во 01.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 32 годишно лице од Охрид.

Тој претходно, на булеварот „Македонски Просветители“ физички нападнал 45 годишно лице од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews