Ноќеска во 01 часот, во СВР Охрид приведен е 38 годишен охриѓанец. Тој претходно, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости а потоа и кон полициските службеници.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
Исто така ноќеска, во 05:30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, 38-годишен жител на Кавадарци, пред казино лоцирано на улицата „15 корпус“ во Струга, бил физички нападнат од две непознати лица кои му одзеле 11000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите по што ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти полицијата.
Во полицискиот билтен од изминатото деноноќие уште се бележи нарушување на јавниот ред и мир во Издеглавје, како и семејно насилство во Велгошти. За двата случаи следат соодветни пријави, информира СВР Охрид.
OhridNews












