СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Таа, на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување, велат од СВР Охрид.

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга лишија од слобода 28-годишно лице од истото село.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 16.02.2026 во 17:10 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews