СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување огнено оружје“.

При претрес во домот и помошни простории, кои ги користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа еден пиштол, една пушка, две ловечки пушки, 1 пушка со дрвен кундак, цевка од пушка и 198 куршуми кои нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.

На 15.07.2025 во 21.30 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 44 годишно лице од Скопје.

Кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews