СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25 годишно лице од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, во својство на управител во правниот субјект, од јуни до октомври 2022 година неовластено узурпирал околу 200 метри квадратни простор на плажа пред хотел покрај брегот на Охридското Езеро, кој со пропис е прогласен за имот од општа употреба и противправно поставил 50 чадори за сонце и 120 лежалки. Тоа го направил без да добие одобрение од надлежните служби во Општина Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Информира и дека на 02.12.2022 година во 14.20 часот во СВР Охрид, 34 годишно лице од Битола пријавило дека на булеварот „Железничка“ во Охрид бил каснат од куче скитник.

OhridNews