СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34 годишна охриѓанка поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Таа, на 08.04.2023 на социјалната мрежа Фејсбук објавила монтирана фотографија од малолетничка со коментари со кои и ја загрозил сигурноста, информираат од СВР Охрид.

На 30 мај во 16,30 часот, во СВР Охрид е приведен 23 годишен охриѓанец.

При преглед претходно извршен на кеј „Македонија“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа нож. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews