СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од с.Косел, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Полициски службеници извршиле контрола на едно лице од Охрид, при што пронашле и одзеле марихуана која ја набавил од пријавениот, информираат од СВР Охрид.

На 31.08.2025 во Полициската станица Струга било пријавено дека во 20:00 часот настанал пожар во нива во с.Корошишта, сопственост на лице од с.Корошишта, при што биле опожарени околу половина хектар насади со лешник.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews