СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот, 48 годишен, од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“.
Лицето како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар“, информираат од СВР Охрид.
На 25.09.2025 во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Опеница, две лица од Охрид, биле нападнати од куче домашен миленик.
Од нив едното се здобило со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2025 во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 83-годишно лице од с.Калишта, струшко и товарно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 72-годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews