СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20 годишно лице од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Пријавената, на 23.11.2022 во едно училиште во Охрид го нарушила јавниот ред и мир со викање и закани кон малолетничка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 26.01.2023 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 53 годишно лице од Охрид.

Претходно во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

На 26.01.2023 во СВР Охрид, пријавено е и дека од својот дом се оддалечил Н.М.(88) од Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

OhridNews