СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

На катастарска парцела во Охрид која била во државна сопственост, пријавениот неовластено поставил метална ограда.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На улицата .„Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана по што, го лишиле од слобода.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полициски службеници извршиле претрес во соба во Струга, каде престојувала пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews