СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50 годишно лице од Охрид и против правен субјект-негова сопственост, со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на 12.10.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека 50 годишното лице превезувал патници без да поседува соодветна лиценца за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, велат од СВР Охрид.

На 27.10.2022 година во СВР Охрид, 26 годишно лице од Битола пријавило дека на улицата „Крум Точков“ во Охрид бил каснат од куче скитник.

На 27.10.2022 година во 11 часот, при извршена контрола кај месноста „Страчка“ во атарот на селото Подмолје-Oпштина Дебрца, полициските службеници пронајдоа пресечени 10 стебла дабово дрво со висина од 4 метри. Дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

OhridNews