СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишно лице од селото Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Национален парк „Галичица“, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица“ свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 27.02.2023 во 12.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид настанал пожар.
Во патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, во движење, настанал пожар. Возилото било управувано од 70 годишно лице од Пештани. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, додава Димоски.
На 27.02.2023 во 22.00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 24 годишно лице од Охрид.
При преглед во патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.
OhridNews












