СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тој изградил индивидуална семејна куќа без соодветно одобрение за градба што било констатирано и од вонреден инспекциски надзор извршен од овластен градежен инспектор, информираат од СВР Охрид.
На 01.06.2025 во СВР Охрид е пријавено дека во 17.40 часот на локален пат во Вевчани нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица два од Вевчани.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65 годишно лице од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 29.05.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews