СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 10.12.2025 во Охрид, откако ги забележал полициските службеници, пријавениот фрлил марихуана и се обидел да побегне, но бил спречен, а марихуаната била пронајдена и одземена, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.
На 03.08.2025 на паркинг простор на Спортскиот центар „Билјанини извори“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена МДМА таблета, која се обидел да ја оштети.
На 10.08.2026 во 00:30 часот во с.Радожда, струшко, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 37-годишно лице од Скопје, со привремен престој во село Радожда, 36, 33 и 36-годишно лице, сите од Прилеп.
Според пријавеното, претходно во викенд куќа на скопјанецот во селото, трите лица од Прилеп физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди. При вршење увид во врска со физичката пресметка во викенд куќата, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, по што била добиена наредба од јавен обвинител и бил извршен претрес во викенд куќата. При претресот била пронајдена и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.08.2026 во 19:00 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници Полициското одделение Велешта приведоа 48-годишно лице од с.Лабуништа, струшко.
Тој околу 17:30 часот во угостителски објект во с.Вевчани го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













