На 31.10.2025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник, извршени се службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Мини маркет“ во Охрид организирале огномет.
Имено, по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека малолетниците сториле прекршок по член 32 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со неовластено организирање на огномет и на тој начин ја загрозиле личната и безбедноста на други малолетни лица, присутни на настанот. Притоа, кај еден малолетник полициските службеници пронашле и одзеле 12 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 31.10.2025 во 23:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред угостителски објект во селото Волино, општина Дебрца, 57-годишно лице од селото Лешани бил физички нападнат од три лица.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.10.2025 во 23:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 47-годишно лице од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и се обидел физички да ја нападне.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга лишија од слобода 45-годишно лице од струшкото село Велешта.
Тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












