Вчера во 18:40 часот, во близина на безиска пумпа на булеварот „Туристичка“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која, 37-годишно лице од Охрид, управувајќи моторцикла „Дукати“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Охридската полиција изминатото деноноќе регистрирала и повеќе нарушувања на јавниот ред и мир.
Вчера вечер во 19.30 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка во која улествувале лице од кумановското село Инџиково и двајца Охришани,
Рано утрово, пак, во 02,30 часот, пред казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред со физичка пресметка во која учествувале 5 лица.
По целосно документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава против инволвираните во инцидентите, најави СВР Охрид.
OhridNews












