Од СВР Охрид информираат за неколку инциденти што се случиле во текот на вчерашниот ден.
Вчера, околу 13.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека стружанец во својот автомобил физички нападнал 17-годишна девојка од струшкото село Лабуништа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Околу 02.00 часот во полициската станица Струга пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на 36-годишно лице од струшкото село Делогожда. Пожарот бил целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршиле полициски екипи.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште еден инцидент што се случил вчера, околу 12.30 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, при што дошло до физички напад од страна на лице од Охрид врз жител на струшкото село Радолишта. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава












