На 06.08.2022 година во 01.20 часот во Извиднички центар во Охрид, 40 годишно лице од Куманово го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 06.08.2022 година во 01.50 часот, 24 годишно лице од Охрид пријавило дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид биле нападнати од куче „пит бул“ кое излегло од двор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефна Димоски.

На 06.08.2022 година во 02.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 05.08.2022 година, лице од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.08.2022 година во 19.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во една од собите на управната зграда на поранешна касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира Димоски.

На 05.08.2022 година во 17.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека близина на хотел на брегот на Охридското Езеро, 56 годишна жена од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додава Димоски.

OhridNews