На 04.09.2026 година во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското Езеро во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од Скопје.
При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2026 година во 19 часот, во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, две лица физички нападнале малолетник од Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следи соодветен поднесок.
На 03.09.2026 година во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено од слобода е 24-годишно лице од Истанбул, Република Турција.
Тој, се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција. По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 04.09.2026 година во 17.20 часот, на улицата „Илинденска“ во Охрид, приведено е 61-годишно лице од Охрид кој ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По преземени мерки, кај него биле утврдени 0,19 промили алкохол во крвта и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
На 04.09.2026 година во 21.50 часот, во струшката населба „Плитишта“, лишено од слобода е 47-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј.
При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.09.2026 година во 16.30 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Заграчани и Долна Белица, лишено од слобода е 85-годишно лице од селото Заграчани кое претходно, кај месноста „Лок“, подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













