На 12.09.2025 во 12:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид.
Тој претходно во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 12.09.2025 во 02:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, неколку лица физички нападнале 15-годишник од Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.09.2025 во 04:26 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 22 и 19 годишни лица, двајцата од струшкото село Драслајца, од една страна и две лица од Охрид, од друга страна.
По целосно расчистување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.09.2025 во 21:15 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 39-годишно лице од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се воздушна пушка со калибар 5,5 милиметри и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 13.09.2025 во 03:40 часот на пресекот на булевар „Железничка“ со улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43-годишно лице од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и при извршено алкотестирање, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews