Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од Кичево. Тој, на 26.04..2020 година во 10.25 часот бил затекнат во охридското село Долно Лакочереј без дозвола за движење издадена од надлежен орган, со што не ја почитувал Одлуката за забрана на движење на населението во период од 15 часот на 25.04.2020 година до 05 часот следниот ден, информира портпаролот на СВР Охрид, стефан Димоски.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 22-годишен стружанец кој на 19.04.2020 година во 18:30 часот, бил затекнат на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга без дозвола за движење издадена од надлежен орган, со што не ја почитувал Одлуката за забрана на движење на населението за време на полициски час.
Димоски информира и дека вчера е приведено 50-годишно од струшко Ново село, кое околу 17 часот, во Општата болница во Струга, го нарушило јавниот ред и мир, со карање и дрско однесување кон работник на обезбедувањето во болницата. Против лицето ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, седум лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 3 лица од Охрид, 2 од Струга и 2 од Кичево. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.
OhridNews












