На кејот „Македонија“, вчера, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз вработен во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинг просторот во градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Се преземаат мерки за идентификација на напаѓачот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера, во ОВР Струга приведени се две лица од Струга кои биле затекнати во напуштена просторија на улицата „Владо Малески“ во момент на користење наркотична дрога хероин. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












