Вчера околу 21.30 часот, на булеварот „Асном“ во Охрид, физички била нападната 40 годишна жена од Охрид.

Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир со тоа што физички нападнал 40 годишна охриѓанка. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. 

Вчера  во СВР Охрид било приведено 20 годишно лице од Охрид.

Кај лицето, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана, наменета за натамошна продажба, додаваат од СВР Охрид.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг одвоен случај поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,поднесена е кривична пријава против 24 годишно лице од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле опојна дрога Марихуана.

Во полицискиот билтен стои и дека ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34 годишен жител од битолското село Грешница, како и против  албанска државјанка на возраст од 41 година со привремено живеалиште во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на пари“.  Двајцата, во продажен објект во Струга, пуштиле во оптек фалисификуваната банкнота од 50 евра.

 

OhridNews