На 23.02.2026 во 17:37 часот, на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, 38-годишно лице физички нападнал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид било пронајдено починато 75-годишно лице од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција.
На 23.02.2026 во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 33-годишно лице од Неготино.
Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













